Сите гледале во неа кога се појавила во фустанот кој откривал премногу

Точка

23/09/2021

18:00

6.019

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на ТВ серијата на Нетфликс, "Selling Sunsets" на промоцијата на брендот "Ciate" во Лондон се појави во провокативен фустан кој повеќе открива отколку што сокрива.

Ријалити ѕвездата Кристина Квин, која исто така е успешен агент за луксузни недвижности предизвикала големо внимание, кога се појави на промоцијата на брендот за шминка во фустан со исечоци. Долга, сина, сатенска креација го открива делот од стомакот, а шлицот кој речиси доаѓа до струкот откри дека не носела долна облека.

Русокосата ја носела пуштена косата, носела црвен кармин и самоуверено позирала пред фоторепортерите. Друштво ѝ правел нејзиниот сопруг Ричард, а британските медиуми известуваа дека изгледала сензационално.


Кристина неодамна гостувала во емисијата "This Morning Today" и отворено зборуваше за трауматичниот пораѓај од пред неколку месеци: "Имав многу трауматично породување. Водењакот ми пукна за време на снимањето на серијата".


Објаснила дека "папочната врвца била замотана околу вратот на бебето и фалеле само неколку секунди да не преживее".

Додала дека е "благодарна за сé што има во животот" и истакнала дека се чувствувала безнадежно, но дека имала среќа за тоа што и таа и бебето се живи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг