Како малата, островска земја станала дигитален рај? Водечкиот светски е-трговец таму вложува милијарди

Точка

23/09/2021

14:15

2.453

Големина на фонт

а а а

Проектот на корисниците би требало да им овозможи да управуваат со своите апликации и да пружаат услуги на крајни корисници преку дата центрите лоцирани на Нов Зеланд.

Водечкиот светски е-трговец Амазон планира да вложи 7,5 милијарди новозеландски долари, односно 5,3 милијарди американски долари, во изградба на нови дата центри на Нов Зеланд.

Станува збор за платформата "Amazon Web Services", а новите дата центри во идните 15 години ќе резултираат со отворање на 1.000 работни места, порачуваат од компанијата која, инаку, во текот на 2020-та година остварила импресивни резултати.


"AWS поддржува илјадници организации ширум Нов Зеланд, во настојување да креира иновации и пораст на глобално ниво", рекол портпаролот на компанијата.

Амазон за Новозеланѓаните планира да изгради нова инфраструктура од светска класа, при што граѓаните на таа земја ќе учат нови дигитални вештини и ќе продолжат да им помагаат на локалните организации во креирање на апликација која ја забрзува дигиталната трансформација.


Зошто е тоа, меѓу другото, важно?

Поради поттикнување на економски раст. Проектот на корисниците би требало да им овозможи да управуваат со своите апликации и да пружаат услуги на крајни корисници преку дата центрите лоцирани на Нов Зеланд.

Така се создаваат услови за исполнување на барањата на оние клиенти кои сакаат нивните податоци да останат на Нов Зеланд. Оваа островска држава е можеби мала и оддалечена од традиционалните пазари, но докажува дека нејзиниот дигитален свет често нема граници.

"AWS" уште во 2014-та година има мала канцеларија во оваа земја, издвоен од интернет продавницата на "Amazon".




Спонзорирани линкови

Маркетинг