Директорот на Модерна: „За една година - крај“

Точка

23/09/2021

19:53

97.492

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, смета дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши за една година, со оглед на тоа дека зголеменото производство вакцини обезбедува глобални залихи, изјавил за швајцарскиот весник „Neue Zürcher Zeitung“.

„Ако го погледнете ширењето на производните капацитети во индустријата во текот на последните шест месеци, до средината на следната година би требало да бидат достапни доволно дози за да може да се вакцинираат сите на овој свет. Исто така, бустерите би требало да бидат можни до потребните мерки“ изјавил тој во интервјуто.

Вакцинацијата наскоро ќе биде можна дури и за новороденчиња, додаде Бансел.

„За една година од денеска“

„Оние кои не се вакцинираат, природно ќе се имунизираат бидејќи делта сојот е многу заразен. Во овој случај, ќе завршиме со ситуација слична на ситуацијата со грипот. Или може да се вакцинирате и да имате добра зима или да не се вакцинирате и да ризикувате да се разболите и можеби да завршите во болница“, вели директорот.

На прашањето дали тоа значи враќање во нормала во втората половина од годината, Бансел одговорил:


„За една година од денеска, претпоставувам“.

Бансел вели дека очекува владите да одобрат бустер вакцини за луѓето кои се веќе вакцинирани, бидејќи на ризичните пациенти кои биле вакцинирани минатата зима несомнено им треба „освежување“ на имунизацијата.

Нивната бустер вакцина e половина од оригиналната доза на вакцината, што значи дека ќе ги има повеќе.

„Волуменот на вакцината е најголемиот фактор на ограничување. Со половина доза, ќе имаме 3 милијарди дози достапни ширум светот за следната година, наместо само 2 милијарди“.

„Тестираме вакцини оптимизирани за делта сојот“

Составот на бустер дозата останува ист како и оригиналната вакцина за оваа година бидејќи „Модерна“ немаше доволно време да ја промени.


„Во моментов тестираме вакцини оптимизирани за делта сојот во клинички тестирања. Таа ќе ја формира основата на бустер вакцината за 2022 година. Исто така тестираме делта плус бета, следната мутација за која научниците веруваат дека е можна“ додава Бансел.

„Модерна“ може да ги користи постоечките производствени линии за нови варијанти, како и за оригиналната вакцина против Ковид-19. Цената на вакцината ќе остане иста, изјави директорот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг