Ријана го најави новиот албум и откри неколку детали: "Многу експериментирам и се забавувам"

Точка

23/09/2021

13:13

4.797

Големина на фонт

а а а

За време на интервјуто за Associated Press по повод излегувањето на новата колекција на нејзината долна облека, Ријана го најави и доаѓањето на новиот албум после петгодишна пауза велејќи дека ќе биде сосема поразличен од она што го очекуваат обожавателите.

Иако била исцрпена со работа за новата модна колекција, Ријана открила дека моментално албумот ѝ е приоритет.

Повеќекратната добитничка на Греми рекла дека одвоила време за "експериментирање" и најави дека нејзината нова музика ќе звучи многу поразлично од нејзините претходни проекти.


"Не очекувајте за тоа што ќе слушнете. Само тоа запомнете го", рекла Ријана пред снимањето на "Savage X Fenty Show Vol. 3" кое ќе се емитува во петок на Амазон Прајм.

Поминаа пет години откако ѕвездата го објави својот осми албум "ANTI", кој ги вклучувал хитовите како "Work", "Love on the Brain" и "Needed". Минатата година, Ријана најави дека започнале да ги снима новите песни.


"Што и да знаете за Ријана нема да биде тоа што ќе го слушнете", рекла пејачката која има освоено девет Греми награди во повеќе категории.

"Навистина експериментирам. Музиката е како модата. Треба да си играте. Треба да можам да носам што сакам. На ист начин со однесувам и со музиката. Затоа се забавувам и ќе биде многу поразлично", открила пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг