Случајот кој ја кренал Америка на нозе: Пронајдено телото на исчезнатата девојка, се верува дека е убиена, сега сите го бараат нејзиниот свршеник

Точка

22/09/2021

10:32

4.522

Големина на фонт

а а а

Американското Федерално истражно биро соопштило дека окружниот вештак потврдил дека човечките остатоци пронајдени на границата на националниот парк Гранд Тетон и припаѓаат на 22-годишната Габи Петито, која исчезнала додека патувала низ земјата со својот свршеник, кого сега го бараат властите.

Вештакот заклучил дека Габи е убиена, но за точната причина за смртта се чекаат конечните резултати од аутопсијата. Телото на Габи е пронајдено во неделата во бласта за кампување обиколена со шума и грмушки, на околу 50 километри североисточно од Џексон во Вајоминг, пренесува "Guardian".

ФБИ бара информации во врска со улогата на момчето на Габи, Брајан Лодри во нејзината смрт.


Петито била во посета на националниот парк Гранд Тетон со својот свршеник Брајан Лондри, кога исчезнала. Брајан после тоа сам се вратил дома и одбивал да соработува со властите. Тој во меѓувреме е прогласен за лице од интерес во случајот, но се уште не е обвинет за ништо. Одбил да разговара со полицијата и исчезнал неколку дена подоцна.

Неговите родители рекле дека го виделе пред една недела, кога им кажал дека оди да пешачи во резерватот Карлтон.


Инспекторите пребарале 9.700 хектари од резерватот барајќи го Лондри со помош на хеликоптери, дронови, кучиња и службеници на терен во текот на викендот, но без успех. Околу 75 проценти од тоа подрачје е под вода.

Габи и Брајан се познаваат од детство, пораснале заедно на Лонг Ајленд во Њујорк. Брајан се вратил дома сам со комбе на 1-ви септември, 10 дена подоцна откако Габи во полицијата го пријавила нејзиното исчезнување. Пред да исчезне, Брајан одбил да зборува со полицијата и најмил адвокат.


Таткото на Габи рекол дека семејството се загрижило кога не се јавила неколку дена.

"Го баравме Брајан, мајка му, сестра му, секој член на семејството што можевме да го најдеме. Не одговараше на повиците и пораките", навел нејзиниот татко, кој сака Брајан да преземе одговорност за својата улога во случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг