Гутереш: Светот е на работ на бездна, мора да се разбудиме

Макфакс

22/09/2021

09:16

1.688

Големина на фонт

а а а

Во своето обраќање на отворањето на 76. сесија на Генералното собрание на ОН, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека светот, конечно, мора да се разбуди.

„Тука сум да алармирам. Светот мора да се разбуди. Ние сме на работ на бездна“, рече Гутереш.

Тој посочи дека денешниот мултилатерален систем е премногу ограничен во своите инструменти и капацитети.

„Мораме да обезбедиме Обединетите нации да се приспособат на новата ера“, рече лидерот на ОН.

Тој додаде дека најновите кризи во светот јасно ги открија сите недостатоци и слабости.

„Ковид-19 и климатската криза покажаа кревкост во општествата, но наместо понизност пред овие историски предизвици, гледаме ароганција“, рече Гутереш предупредувајќи дека меѓународната заедница се соочува со најголем број на кризи во нашите животи.

„Нашиот свет никогаш не бил повеќе загрозен или поделен. Пандемијата на Ковид-19 покажа огромни нееднаквости. Климатската криза ја мачи планетата. Пресвртот од Авганистан преку Етиопија до Јемен и пошироко го загрозува мирот. Бран недоверба и дезинформации ги поларизира луѓето и ги парализира општествата. Човековите права се под удар, како и науката“, рече тој.

Гутереш предупреди за огромни нееднаквости во пристапот до вакцини во развиените земји, додека многу во земјите во развој очајно сакаат имунизација.

„Ова е морално обвинение против состојбата на нашиот свет. Го положивме испитот за наука, но добиваме – недоволен по етика“, рече тој.

„Наместо патот на солидарноста, ние сме во ќор-сокак на уништување“, рече Гутереш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг