Наталија Данаилова за Точка: „Весна ми ја знае животната историја и ја преточи во стихови, па малку како да се расплакав на сцена“

Точка

21/09/2021

19:53

13.880

Големина на фонт

а а а

Наталија Данаилова беше една од изведувачите кои оставија голема трага на овогодишниот „Макфест“.

Пишува: Цеце Николова

„Не крши ме“ е композицијата со која успеа допре длабоко во срцата на сите почитувачи на нејзината музика. Ова е песна позади која како автори се потпишуваат Весна Малинова и Илија Ќосевски.


За жал, и ова е една од оние одлични нумери на овогодишниот „Макфест“ кои не освоија награда - но, сепак на крајот од денот поважно е песната да биде прифатена и да остане запаметена од публиката.

Непосредно пред доделувањето на наградите поразговаравме со Данаилова, која и нам нè остави без текст со својата емотивна балада и уште поневеројатна изведба.

„Трета година по ред, не во континуитет настапувам на Макфест. Минатата година како трио се појавивме со Ивана и Биљана. Во 2018-та година исто така пеев песна од Весна Малинова, исто балада“, вели пејачката за Точка.

Со Наталија го искоментиравме нејзиниот став кога се појави на сцената, кој остави впечаток на многу силна, храбра и жена полна со самодоверба.

„Храбро настапив поради вистината што ја носам поврзана со песната. Весна ми ја знае животната историја и ја преточи во стихови“, искрена е Данаилова.

Признава дека одвај се воздржала да ги сопре солзите откако била преплавена со емоции изведувајќи ја „Не крши ме“.

„Бев на прагот од солзи и едвај се воздржав. Малку како да се расплакав, ама се држев докрај“.


Голем дел од учесниците се согласија дека 36-то издание на „Макфест“, барем во однос на организација, се разликува од претходните години.

„Оваа година Макфест е на највисоко ниво, откако сум јас учесник“, вели Наталија.

Како и сите други учесници, така и Данаилова имала свои фаворити помеѓу учесниците.

„Сите имаат добри песни, но некои посебно ми се драги. Фаворити ми беа, Виолета Арсовска со 'Нека ме снема', Светле Јовановска со 'Збоум на лани' и Рахела Такашманова со 'Ако не си до мене'“, заклучува Наталија Данаилова.




Спонзорирани линкови

Маркетинг