Ешли Грејам е една од најпознатите плус сајз манекенки, а наскоро повторно ќе стане мајка, а овој пат славната убавица чека близнаци.
Среќната вест Ешли ја објави на социјалните мрежи, а во прилог го ставила видеото на кое се гледа моментот кога дознала дека нејзиното семејство ќе стане побогато за дури две деца.
Среќата и задоволството не ги криел дури ни нејзиниот сопруг Џастин Ервин.
"Дали е ова сериозно? Ќе имаме три деца", со насмевка на лицето рече најпознатата плус сајз манекенка.
Бројните следбеници им честитале на родителите и им посакаа многу трпение со оглед на тоа дека на свет доаѓаат две бебиња.