Џејмс Бонд не може да биде жена? Еве што изјави Крег за оваа идеја

Точка

21/09/2021

14:45

3.580

Големина на фонт

а а а

Даниел Крег смета дека Џејмс Бонд не треба да биде жена, бидејќи жените заслужуваат улоги кои се напишани за нив, а не за мажи.

Во разговор за Радио Тајмс, Даниел Крег рекол дека треба да постојат подобри улоги за жени и глумци од сите раси.

"Зошто жена да го глуми Џејмс Бонд, кога всушност треба да постојат подеднакво добри улоги како оваа, но за жена?", рекол Крег.

Многубројни глумици ја поддржаа оваа изјава и сметаат дека улогата треба да биде одиграна од маж.


И самата продуцентка на оваа франшиза, Барбара Броколи во интервју за Варајети во 2020 година рекла дека Џејмс Бонд може да биде било која раса, но да биде машко.

Објаснила дека попрво би креирала нови ликови кои можат да бидат одглумени од жена, отколку да ѝ се даде улога која изворно е напишана за маж.

"Верувам дека треба да создаваме нови ликови за жените, силни женски улоги. Не сум заинтересирана за давање изворно машки лик на жена. Мислам дека жените се далеку поинтересни од тоа", заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг