Рози, свеќи и солзи пред универзитетот во кој студент уби шест лица: "Ова е хорор"

Точка

21/09/2021

11:33

1.782

Големина на фонт

а а а

Граѓаните пред зградата на Универзитетот во Перм оставаат цвеќиња и свеќи и неутешно плачат.

Русија е завиена во црно. Во Перм луѓето се во жалост откако Тимур Бекмансуров, студент на тамошниот универзитет, вчера влегол во зградата на ова установа и убил шест лица.

Во пукањето настрадале едно 20-годишно момче и пет жени, а 28 луѓе биле ранети.


Од утрово пред универзитетот се собираат граѓани и студенти, кои и натаму не веруваат што се случило вчера. Речиси сите во солзи положуваат црвени рози и палат свеќи покрај оградата на универзитетот.

"Ова е хорор", прокоментирала една девојка, не успевајќи да ги задржи солзите.


Сите се во шок поради нападот кој вчера се случил во околу 11 часот по локално време. Бекмансуров вооружен влегол на подрачјето на кампусот и отворил оган. Студентите во паника скокале преку прозорците за да се спасат од напаѓачот.

Бекмансуров бил ранет од сообраќаен полицаец кој меѓу првите пристигнал на универзитетот по дојава за пукање. Младиот полицаец Констанатин Калинин за руската "NTV" раскажал како успеал да го сопре студентот.


"Ми викаше да го фрлам оружјето. После тоа го насочи оружјето кон мене и испука куршум, по што и јас му возвратив. Тогаш тој падна на подот. Веднаш му пријдов и го разоружав, а потоа му пружив прва помош", рекол Констанатин.

Според наводите на руските медиуми, Бекмансуров се наоѓа на одделението за интензивна нега и има прострелни рани.

За мотивот за овој напад и натаму се претпоставува. Пред пукањето Бекмансуров поставил статус на социјалните мрежи во кој најавил дека ќе убива луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг