Спој на лавата и морето во Шпанија може да создаде токсични испарувања

Точка

21/09/2021

10:00

1.125

Големина на фонт

а а а

Властите на Канарските острови, на кои проработел вулканот, се загрижени поради опасноста дека при контакт на лавата, која се слева кон морето, со водата, може да се создаде токсичен облак.

Имено, при контакт на лава и солена вода може да дојде до експлозија и емисија на отровни испарувања, пишува шпански "Pais" и додава дека службата за цивилна заштита и Поморската капетанија поради тоа го зголемиле обемот на забраната за движење по морето за две наутички милји.

Исто така, воведени се дополнителни ограничувања за преминување на таа област и на копно.


Техничкиот директор на Службата за вонредни вулкански ситуации на Канарските острови, Мигел Санхел Моркуенде, рекол дека активноста на вулканот забавува, а со самото тоа има и помала маса на лава.

"Лавата се уште е на половина пат да дојде до морето. Засега е непознато кога ќе дојде до океанот, а и доколку дојде тоа ќе биде под нивото на планината Тодокe", рекол тој.


Научниците велат дека кога лавата со температура од околу 1.000 степени ќе дојде до морето доаѓа до експлозија на водената пареа која генерира густ бел облак во кој се наоѓа хлор кој може да ја иритира кожата, очита и дишните патишта.

Освен тоа, слевањето на лавата во океанот може да предизвика рушење на карпите и брегот, бранови врела вода и токсична пареа од хлороводородна киселина и помали честички вулкански кристали. Научниците предупредуваат и дека најзагрозени се неподвижните организми кои живеат на дното на морето и кои може во целост да бидат уништени, но наведуваат дека и за три години може да бидат целосно обновени.


Исто така, се смета дека ерупцијата на вулканот може да трае со недели или дури со месеци.

Поради ерупцијата на вулканот, која досега уништила 100 куќи, училишта, патишта и друго, евакуирани се околу 6.000 граѓани, а се претпоставува дека тој број ќе порасне и до 10.000.




Спонзорирани линкови

Маркетинг