И Заев и Мицкоски се убедени во апсолутна победа на локалните избори

Точка

20/09/2021

21:24

2.026

Големина на фонт

а а а

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се убедени дека ќе победат на претстојните локални избори.

„Ние ќе победиме во вкупен број на освоени градоначалници, вкупен број на советници, вкупен број на гласови и ќе победиме во Град Скопје. Нашите аргументации се досега реализираните проекти и нашата визија за иднината“, порача Заев додавајќи дека анкетите го покажуваат она што ќе се случи и на изборите, а тоа е победа на СДСМ и Коалицијата.

„Настапуваме со најбројна коалиција од 22 политички партии, тоа е коалиција за иднината, затоа што овие избори ќе го покажат патот кон подобра иднина, за општините и за државата“, заклучи Заев.

Мицкоски вели дека по локалните избори доаѓа крајот на Владата на СДСМ. Рече дека кандидатите за градоначалници на опозицијата 95 отсто се нови млади луѓе кои имаат што да понудат и да работат за граѓаните.

„Најголем дел од кандидатите на СДСМ се луѓе кои ќе претрпат сериозен пораз на следните локални избори. Со тоа ние како ВМРО-ДПМНЕ како опозиција комплетно ќе ја делигитимираме оваа неспособна Влада. Математичките калкулации да ги тргнеме на страна, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои поголем број градоначалници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе гласови и на советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде онаа политичка партија и Коалицијата што ја предводи којашто ќе биде победник на овие избори“, рече Мицкоски, додавајќи дека по локалните избори неколку сценарија се во игра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг