За едно се согласија! Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација

Точка

20/09/2021

20:28

2.530

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението.

„Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна политика. Дајте да бидеме поодговорни, барем ние политичарите за да поттикнеме поголема одговорност, заради тоа што тоа е единствениот пат да ја совладаме оваа проклетија од пандемија која за жал однесе многу човечки животи и само на тој начин да се вратиме во нормалното“, нагласи Заев.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, ние сме на дното на справувањето со кризата, а на врвот со луѓе кои го загубија животот. Посочи дека Владата ги прифаќала мерките кои тие ги предложиле, но со задоцнување.

Мицкоски ги повика сите кои сакаат да се имунзиираат по пат на вакцинација, а сите останати, како што рече, имаат свое право на своето тело и својот живот. Рече дека втората доза на вакцина треба да ја прими во среда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг