(Видео) Владимир и Константин се руски херои: Камерите ги снимиле како упаѓаат на универзитетот и пукаат во напаѓачот

Точка

20/09/2021

14:10

10.309

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот, кој убил осум лица на Универзитетот во Перм, во тешка состојба е префрлен во болница.

Полицајците Константин Каљинин и Владимир Макаров се хероите кои успеале да ги совладаат напаѓачот кој денеска на универзитетот во Перм убил осум лица, а ранил повеќе од 15.

Владимир и Константин меѓу првите пристигнале на Универзитетот откако пристигнала дојава за пукање. Кога влегле во главната зграда го забележале вооружениот напаѓач, кој веднаш почнал да пука во нивна насока. Како што пренесуваат руските медиуми, двајцата полицајци веднаш реагирале и испукале неколку куршуми кон вооруженото момче и го спречиле да убие повеќе луѓе.

Иако прво се појавиле информации дека напаѓачот, кој е идентификуван како Тимур Бекмансуров е убиен, било утврдено дека е ранет и во тешка состојба префрлен во болница. На социјалните мрежи кружи вознемирувачка снимка во која се гледа како полицаец го застрелува напаѓачот.

Потсетуваме, нападот се случил утрово во околу 11 часот по локално време, а осомничениот е студент на универзитетот на кој се случило пукање. Пред нападот Бекмансуров на социјалните мрежи објавил манифест и најавил дека на 20-ти септември ќе тргне во крвав поход.



Спонзорирани линкови

Маркетинг