Бизарни фотографии од Авганистан: Талибанците вооружени до заби уживаат на педалинки

Точка

20/09/2021

13:11

9.233

Големина на фонт

а а а

Темносиното езеро во срцето на земјата се сметало за релативно безбедно прибежиште пред на власт да дојдат талибанците.

Од Авганистан ни доаѓаат нови бизарни снимки од талибанците.

Откако биле објавени снимки како талибанците уживаат во луна парк и како се обидуваат да користат справа за вежбање во теретана, сега наводно се забележани моменти како пловат во разнобојни педалинки на езерото во провинцијата Бамијан.

Повеќе од 20 талибански борци, вооружени со рачни ракетни фрлачи и автоматски пушки, биле видени во саботата како се возат во шарени педалинки во облик на лебеди во Националниот парк Банд-е Амир во источната провинција Бамијан во Авганистан.

Фотографиите репортерот Џејк Ханрахан ги споделил преку Твитер.

Темносиното езеро во срцето на земјата се сметало за релативно безбедно прибежиште пред на власт да дојдат талибанците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг