Штипјанката Марија Данева е третопласираната изведувачка на овогодишниот „Макфест“.
Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ
Данева најпрвин се закити со наградата за најдобар сценски настап, а потоа го освои и третото место на „Макфест“ 2021.
Марија има само 21 година и првпат настапува пред макфестовската публика, вели дека е пресреќна, а емоцијата можевме сите да ја забележиме кога се качи на сцената да ја подигне главната награда и се расплака пред целата публика.
„Твоја“ е насловот на нејзината композиција, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, кој исто така настапи и како изведувач на овогодишниот „Макфест“. Ана Антовска е одговорна за текстот на третопласираната композиција.