Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Макфакс

20/09/2021

08:22

2.242

Големина на фонт

а а а

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните мрежи порача дека земјата влегува во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години.

„Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!“, напиша министерот за правда во објава на „Фејсбук“.

Тој посебна благодарност упати до, како што нагласи, неуморните попишувачи кои на терен неуморно работат за да се обезбеди подобра иднина за сите нас.

✅ Над 1 милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот...

Posted by Bojan Maricik on Sunday, September 19, 2021