Радикална одлука на Авганистан: Девојчињата повеќе нема да одат во средно училиште

Точка

18/09/2021

20:23

3.741

Големина на фонт

а а а

Во изјавата на талибанците издадена пред денешното отворање на училиштата, кажано е дека "сите машки наставници и ученици можат да бидат дел од образовните институции".

Талибанците денеска ги исклучиле девојчињата од средно училиште, по наредбата дека само момчињата и машките наставници можат да се вратат во училниците.

Девојчиња за "BBC" рекле дека се очајни што им е забрането да се вратат.

"Се делува прилично мрачно", рекла една од нив.


Портпаролот на талибанците рекол дека не постојат планови да се отворат училишта за девојчиња во брзо време, а во Авганистан расте стравот дека би можело да се врати правилото од 90-тите кога била воведена слична забрана.

Во изјавата на талибанците издадена пред денешното отворање на училиштата, кажано е дека "сите машки наставници и ученици можат да бидат дел од образовните институции".

Во средните училишта во главно одат ученици на возраст од 13 до 18 години.


Авганистанската новинска агенција Бактар подоцна го цитирала портпаролот на талибанците, Забинхулах Муџахид, дека училиштата за девојчињата ќе бидат отворени наскоро.

Тој рекол дека талибанските службеници моментално работат на процедурата по ова прашања и за деталите кои вклучуваат поделба на наставниците.

Забраната на девојчињата да одат во средно училиште значи дека нема да можат понатаму да се образуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг