Апликацијата Телеграм е рај за сајбер криминалците

Точка

18/09/2021

20:12

15.542

Големина на фонт

а а а

Телеграм стана засолниште на сајбер криминалците, покажуваат најновите истражувања.

Компанијата која се занимава со сигурноста на интернет, Cybint направи истражување со Financial Times на тема сајбер криминалот на Телеграм.

На сајбер криминалците им е најлесно преку Телеграм да тргуваат со украдени податоци и алатки за хакирање, како и да разменуваат информации кои би биле употребувани за следни напади.


Некогаш WhatsApp беше главното засолниште на овие луѓе, но откако таа апликација воведе нови правила за приватност, преминале на Телеграм кој моментално има повеќе од 500 милиони корисници.

Најважниот фактор е што апликацијата е лесно достапна и едноставна, за разлика од "подземниот форум" на црната мрежа.

Cybint во истражувањето покажа дека сајбер криминалот пораснал за 100% на Телеграм, а дека количината на нелегалните податоци кои секојдневно се објавуваат порасна на 300%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг