Ивановска: Не верувам дека Филипче вмешал прсти во трагедијата, но оставката треба да му биде прифатена

Нетпрес

17/09/2021

11:50

2.517

Големина на фонт

а а а

Оставката на министерот за здравство Венко Филипче треба да биде прифатена од страна на премиерот Зоран Заев по трагедијата со модуларната болница во Тетово, смета Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција.

„И сѐ добро човек да направи со ваква дамка му се става лош белег. Лично не верувам дека вмешал прсти во трагедија, но ваквите зборувања оставаат лош белег на целокупната работа. На него му беше ставен врз плеќи речиси сѐ во изминатиот систем“, изјави Ивановска во емисијата „Утрински брифинг“.

Според првиот човек на Антикорупциска, се прави збрка во јавноста меѓу оставка од морална причина и професионална одговорност и можеби затоа таа оставка ни се чини како задоцнета.