Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Макфакс

16/09/2021

17:13

2.825

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Косово Албин Курти без прецизен одговор дали и кога Приштина ќе ги екстрадира обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за случајот „Монструм“, изјави косовскиот премиер Албин Курти одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковското Езеро во 2012 година.

Курти на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев рече дека неговата влада од минатото наследила трагични случаи и тешки предмети.

„Но, има и други предмети, кои, според мое убедување, не се разјаснети до крај и за кои уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крајот и да се најде вистината“, изјави Курти.