Гимнастичарката Бајлс на суд: "ФБИ го заташкуваше случајот за сексуално злоставување"

Точка

16/09/2021

20:00

5.699

Големина на фонт

а а а

Познатата светска гимнастичарка, Симон Бајлс пред американскиот Сенат ја обвини ФБИ за заташкување на случајот за злоставување кон неа и други спортистки од страна на докторот на тимот, Лери Насар.

Гимнастичарката Симон Бајлс сведочела во средата, а како што вели, ФБИ го прикрива случајот за злоставување.

"Не успеавме и заслужуваме одговори. Навистина изгледа дека и ФБИ е вклучен во заташкувањето, како и целиот Американски гимнастичарски сојуз", рекла Бајлс пред Одборот за правда, каде се појавила во друштво на три спортистки - Ели Рајсман, Мек Кајла Маруни и Меги Николас.


"Системот е виновен што не успеа да нѐ заштити, но најмногу го обвинувам Лери", рекла таа.

До истрагата во Сенатот дошло откако главниот инспектор на Министерството за правда, Мајкл Хоровиц во јули издаде извештај во кој се осудуваат активностите на ФБИ.

Имено, Хоровиц во извештајот го опиша неуспехот на ФБИ во истрагата како неуспех во понатамошни случаи за злоставување кои треба да бидат санкционирани.


Хоровиц ќе сведочи следната среда, како и директорот на ФБИ, Крис Веј за кој се очекува дека ќе се соочи со остро испитување од сенаторот поради лошото водење на истрагата и не се кривично гонети поради тоа.


Да се потсетиме, поранешниот доктор на гимнастичарскиот тим, Лери Насар веќе служи доживотна казна поради злоставување на повеќе од 150 жени вклучувајќи ја и Бајлс како и нејзините колешки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг