Играта и само еден освоен бод на ПСЖ на гостувањето кај Бриж беше доволна провокација за голем број рекации поврзани со изведбата на тимот кој го доведе Лионел Меси, но и неколку други атрактивни засилувања во последниот преоден рок.
Поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка не се штедеше во критиките на сметка на екипата предводена од Маурисио Покетино.
– Ова беше ПСЖ во издание какво што не сакаме да гледаме.
– Можеби само првите петнаесет минути, но се потоа беше лошо. Без никаков интензитет, слаба игра во одбрана, без идеја во нападот.
– Не видовме ништо во офанзивниот дел, ќе биде навистина комплицирано за фудбалерите и Покетино да стигнат далеку во Лигата на шампионите, – изјавил Анелка.