Овен: ПСЖ игра послабо со Меси во тимот

Дерби

16/09/2021

11:48

1.453

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски напаѓач, Мајкл Овен, смета дека ПСЖ игра полошо со Лионел Меси во своите редови, а вистински пример за тоа е ремито со Бриж во Лигата на шампионите.

Меси го стартуваше натпреварот во офанзивното трио заедно со Килијан Мбапе и Нејмар, но истото не функционираше, а ниту една од трите големи ѕвезди не постигна гол.

– ПСЖ има феноменални офанзивни играчи на хартија.

– Но, кога играат тројцата заедно, ПСЖ делува послабо на теренот и не ми е јасно зошто ги сметаат за фаворити во Лигата на шампионите. Според мене, ангажирањето на фудбалери како Донарума, Хакими и Рамос им ги зголемуваат шансите за победа во ЛШ многу повеќе од доведувањето на играч како Меси.

– Без разлика на се, мислам дека англиските клубови се далеку посупериорни, – смета Овен.