Во петок се затвора модуларната болница во Гостивар

Точка

15/09/2021

16:48

3.018

Големина на фонт

а а а

Модуларната болница во Гостивар до крајот на неделава ќе се затвори.

Директорот на Клиничката болница Гостивар д-р Јакуп Јакупи во телефонски разговор за „Алсат“ рекол дека болницата се затвора поради намалениот број на заболени, но и да се отстапи место за истражителите кои најавиле дека ќе вршат безбедносни проверки во болницата.

По трагедијата во Тетово, доктор Јакупи вели дека секојдневно се прават безбедносни проверки, како на електриката така и на сите инсталации во неа.

„Во модуларната болница моментално има 3 пациенти кои се со полесна клиничка слика, немаат потреба од кислород, се планира до петок да бидат отпуштени и објектот привремено да се затвори. Претходно потешките случаи беа префрлени на интерно и нервно одделение кои функционираат како ковид центри. Се надеваме дека нема да има нови бранови, но доколку се случи, модуларната болница ќе се активира повторно“, изјавил за „Гостивар прес“ д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.