Од земја на која ѝ предвидуваа „катастрофа во најава“ поради благите рестриктивни мерки до земја со нула починати од Ковид-19

Точка

15/09/2021

22:18

10.975

Големина на фонт

а а а

Нереди поради ковид мерките во Франција, локдаун во Австралија, нови рекордни бројки на заразени во Европа, а во Шведска еден број паднал на нула.

За потсетување, оваа земја беше ставена на столб на срамот во светските медиуми поради благите анти-ковид политики. Британскиот „Guardian“ го окарактеризира шведскиот пристап како „катастрофа во најава“, додека „CBS News“ известуваше дека Шведска е пример како не треба да се решава ковид кризата.

И покрај сите критики, оваа скандинавска земја и денес има најлабави епидемиолошки мерки против коронавирус, земјата е полна со туристи, сите дејности функционираат, се оди на училиште и сето тоа без речиси никакви рестрикции.

Исто така, шведските службеници не само што не се закануваат со воведување на рестриктивни мерки, туку не ги ни препорачуваат. И кој е резултатот?


Најновите податоци од последните 7 дена покажуваат дека бројот на починати од Ковид-19 во оваа скандинавска земја е нула.

Со тоа, порталот „fee.org“ заклучува дека и пред една година било јасно дека приказните за „катастрофа во најава“ се без основа и сега, една година подоцна, се утврдува дека шведскиот пристап бил исправен. Тоа го докажуваат и месечните бројки, како оние за бројот на заболени, така и оние економските. Денес Шведска е послободна, поздрава и со повеќе финансии од било која друга европска држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг