Кривична пријава за 20-годишник кој лажно пријавил дека му бил украден автомобилот

Макфакс

14/09/2021

10:49

308

Големина на фонт

а а а

Полицијата го приведе Д.И.(20) од кратовско село, поради лажно пријавување кривично дело.

„На 6 септември во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на улицата Гоце Стојчевски во Скопје му било одземено патничко возило ‘фолксваген туарег’ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување“, информираат од МВР.

Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг