Крајната десна партија Алтернатива за Германија (AFD) смета дека во училиштата не се учи доволно за германската култура, поради што тамошните медиуми и социјални мрежи многу се забавуваат со фактот дека лидерот на партијата Тино Крупала не успеал да се сети на ниедна германска песна.
Крупала гостувал во информативната програма за деца на националната јавна телевизија ZDF, и на прашањето на младиот новинар која му е омилена германска песна, видно збунет, не успеал да се сети на ниедна.
На следното прашање, дали има барем омилен писател, лидерот на крајната десница го кажал името на Хајнрих Хајне, еден од најпознатите германски писатели.
За срамот да биде уште поголем, само неколку моменти пред тоа, шефот на десницата објаснувал дека "AFD" сака повеќе германски народни песни и поеми да се учат во училиштата и дека германските писатели и мислители треба повеќе да се ценат, пренесува "Hina".
Es ist wie Sarah Palin nach ihrer Zeitungslektüre zu fragen. Oder Donald Trump nach seiner liebsten Bibelstelle. pic.twitter.com/zIuDXzkhL1
— Anton Rainer (@antonrainer) September 11, 2021
Младиот репортер, инаку ученик, му одговорил дека учениците мора да научат на памет голем број на песни и затоа му го поставил кобното прашање од почетокот.
Еден корисник на Твитер прокоментирал дека да се праша Крупала за омилена германска песна е исто како да се праша поранешниот американскиот Доналд Трамп кој му е омилен цитат од библијата.
Пред германските избори на 26-ти септември, лидерите на сите големи германски партии минуваат низ тешките интервјуа за културата на младите на ZDF.