Заев: Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка, несреќи се случуваат насекаде во светот

Макфакс

13/09/2021

11:52

3.239

Големина на фонт

а а а

По обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања во врска со пожарот во Тетово рече дека станува збор за огромна загуба.

„Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите“, рече Заев и дополни дека изминатите денови бил воздржан со изјави во јавноста поради како што рече, многу чувствителна состојба и затоа што не сакал со изјавите на било каков начин да влијае на истрагата.

Во врска со поднесените оставки на министерот за здравство, неговиот заменик како и директорот на тетовската болница и економскиот директор Заев рече:

„Со огромно сочуство кон семејствата за оваа трагична несреќа што се случи во нашата земја ред е да ги почекаме одговорите од сите експерти, од целокупната истрага за потоа да го кажам моето мислење по основ на поднесените оставки. Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка“, изјави Заев.

На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:

„Негова должност е се додека не биде правно формално тргнат од неговата функција должност им е и на Филипче и на сите што поднесоа оставки да ја извршуваат својата функција до доаѓање на нов министер“, рече Заев.

орача дека треба да се остават професионалците да ја завршат работата, а потоа ќе следат сите одговори околу трагедијата во Тетово.