Димитриевски: „Максим не може да биде против Максим, но сум против дворските и византиските игри“

Точка

02/09/2021

20:23

4.312

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за градоначалник на Куманово во вечерашната Тема на денот во дневникот на Сител вели дека е социјалдемократ во срце и душа и дека тој не е против партијата.

„Максим не може да биде против Максим, но сум против дворските и византиските игри и дуализмот“, изјави градоначалникот на Куманово за „Сител“.

„Сведоци сме дека рејтинзите и анкетите во партијата не одлучија за мојата кандидатура. Се работи за внатрепартиска работа. СДСМ не може да функционира како акционерско друштво“, посочи Димитриевски откако истиот не беше поддржан од СДСМ за нов мандат во Куманово.

Тој исто така наведе дека целта не му е да формира посебна и нова партија туку ќе се обиде да ги консолидира граѓаните кои му дале поддршка во изминатиот период, но исто така ја побара поддршка од сите граѓани на Куманово.

„Лично ми пречи кога гледам дека се појавуваат партиски книшки и незадоволство од раководството. Сепак, партиската книшка не ја определува вашата идеологија“, заклучи Димитриевски.

„На последниот конгрес имавме заклучок дека токму различноста во партијата ќе се негува, а видовме со пример како се негува денеска таа различност. Јас ќе направам сè да ја променам суштински самата партија одантре, заедно со членовите, бидејќи има голем број на членови коишто не се согласуваат со ваквите политики на актуелното раководство или на поединци коишто го имаат узурпирано актуелното раководство, а на коишто претседателот Заев им прави во континуитет отстапки. На што се должи тоа, самиот ќе треба да објасни“, рече Димитриевски