Емотивниот Роналдо ја опиша врската меѓу него и Јунајтед, па за крај го прозва и Фергусон: Сер Алекс, ова е за вас

Точка

31/08/2021

13:45

3.472

Големина на фонт

а а а

"Сите кои ме познаваат, знаат за мојата бескрајна љубов кон Манчестер Јунајтед. Годините кои ги минав во овој клуб беа апсолутно неверојатни и патот кој го минавме заедно со златни букви е напишан во историјата на оваа голема и посебна институција. Се вратив каде што припаѓам", напишал ЦР7.

Кога било објавено дека Кристијано Роналдо заминува од Јувентус, најголем фаворит за неговиот потпис бил Манчестер Сити.

Разочараните љубители на фудбалот почнале да го критикуваат, пишувале дека е платеник, но Роналдо знаел каде му е срцето.

И одбрал со срцето - се вратил во Манчестер Јунајтед, клубот во кој се вивнал во висините.

Сега прв пат се огласил по враќањето на "Театарот на соништата" и своето враќање му го посветил на Сер Алекс Фергусон.

"Сите кои ме познаваат, знаат за мојата бескрајна љубов кон Манчестер Јунајтед. Годините кои ги минав во овој клуб беа апсолутно неверојатни и патот кој го минавме заедно со златни букви е напишан во историјата на оваа голема и посебна институција.

Не можам да почнам да ги објаснувам своите чувства, додека гледам дека моето враќање на Олд Трафорд се објавува ширум светот. Тоа е како остварување на сон, по сите оние натпревари кога играв против Манчестер Јунајтед, бидејќи и како противник секогаш ја чувствував љубовта и почитувањето од навивачите на трибините. Ова се апсолутно 100 проценти од работите од кои се создаваат соништата.

Мојата прва домашна титула, мојот прв куп, мојот прв повик во репрезентацијата на Португалија, мојата прва Лига на Шампиони, мојата прва Златна копачка и мојата прва Златна топка - сето тоа е родено од оваа посебна врска меѓу мене и Црвените ѓаволи. Историјата се пишуваше во минатото и историјата ќе се пишува уште еднаш. Го имате мојот збор!

Тука сум!

Се вратив каде што припаѓам!

Да го направиме тоа уште еднаш!

П.С. Сер Алекс, ова е за вас", напишал Роналдо на Инстаграм.