Соборен е дневниот рекорд: Во Индија во еден ден биле вакцинирани 10 милиони луѓе

Точка

28/08/2021

18:00

3.052

Големина на фонт

а а а

Во Индија во еден ден повеќе од десет милиони луѓе примиле вакцина против коронавирус што е досега рекорд, соопштуваат властите.

Индиското Министерство за здравје соопшти дека бил надминат минатиот дневен рекорд од 9,2 милиони вакцинирани граѓани.

Премиерот Нарендр Моди го поздрави овој рекорд како "монументално остварување".


"Им честитам на сите вакцинирани и што овозможуваат програмата за имунизација да биде успешна", напишал Моди на Твитер.

Целта на власта е вакцинацијата да достигне до 1,1 милијарда возрасни вакцинирани луѓе до крајот на годината, но проблем претставува недостатокот на вакцини, административни проблеми и волјата на граѓаните. Од почетокот на иницијативата во јануари само 15% од населението ги примило двете дози.

Дневниот број на заразени е во драстичен пад во однос на април и мај кога здравствените институции биле на раб поради капацитетите. Укинати се речиси сите забрани иако експертите предупредуваат на нов бран, бидејќи во Индија сега започнува сезоната на фестивалите.