Шумахер не сме го виделе 8 години: Објавен трејлерот за документарецот, семејството ги открива сите тајни

Точка

25/08/2021

16:45

6.085

Големина на фонт

а а а

Михаел Шумахер, за многумина најдобриот возач на Формула 1 на сите времиња, наскоро ќе го добие својот документарен филм кој ќе зборува за неговата кариера.

Точно пред 30 години од неговото деби во Формула 1 објавен е трејлерот за филмот кој на 15 септември ќе се објави.

„Netflix“ најави дека во филмот ќе дознаеме многу непознати детали и дека за нив ќе зборуваат членовите од семејството, сопругата Корина и децата Џина и Мик.


Михаел Шумахер од декември 2013 година не сме го виделе во јавноста. Причината е многу јасна - на 29 декември тој падна во текот на скијањето и оттогаш ја води борбата за својот живот.

Инаку, Шумахер е роден во 1969 година, дебитирал во Формула 1 во Белгија во 1991 година. Една година подоцна на истата патека ја забележал првата победа.

Последната своја победа ја забележал во 2006 година во Кина, а официјално се пензионираше во 2012 година. Тој освои 7 шампионски титули во Формула 1, од 1994 до 2004 година.

Погледнете го трејлерот: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг