Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден напиша дека прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните.
„Пред да се појави делта варијантата на SARS-CoV-2, заштитата на прележаните (природен имунитет преку инфекција) од повторна зараза беше слична на таа добиена од добра вакцина (вакцинален имунитет), во зависност од студијата, меѓу 80-95%. Ништо неочекувано“, пишува на Фејсбук д-р Горан Кунгуловски, биоинженер во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“.
„Во моите, а и во сечии очи, сметам дека природно имунизираните во најмала рака имаат слична заштита од Ковид-19 како и вакцинално имунизираните.
Кога зборуваме за достигнување на колективен имунитет треба да зборуваме за збирот на вакцинирани, вакцинирани-прележани и прележани.
Би сакал да ме едуцира некој од каде излезе ова со 45 дена. Недовербата кон науката се јавува поради политички дејствија, а не научни“, стои во објавата на д-р Кунгуловски.
За прележаните
Пред да се појави делта варијантата на SARS-CoV-2, заштитата на прележаните (природен имунитет преку...
Posted by Goran Kungulovski on Среда, 18 август 2021
Докторот денеска имаше обемно интервју за „ТВ 24“, каде посочи дека пикот на делта сојот го очекуваме на почетокот на септември, додека за мерките, вели дека сме задоцниле.
Според него, невакцинираните граѓани доколку се заразат со коронавирусот може да имаат потешка клиничка слика.
Во продолжение целото интервју со д-р Кунгуловски: