Веднаш реагирајте кога ќе ги почувствувате симптомите: 10 проверени трикови со кои ќе ја ублажите неподносливата мигрена

Точка

19/08/2021

10:50

6.987

Големина на фонт

а а а

Мигрената е вид на невролошко заболување кое се карактеризира со главоболка која има тенденции да биде интензивна.

Мигрената често е проследена со симптоми од автономниот нервен систем (мачнини, повраќање, бледа кожа, потење итн.).

Еве неколку совети како да ги ублажите болките:

1. Витамин Ц - исцедете лимон во чаша со млака вода и испијте ја.

2. Кофеин - испијте малку црно кафе, најдобро е турско кафе без млеко.


3. Таблета против болки - постојат аналгетици кои можат да ви помогнат да ја ублажите мигрената. Обидете се да ги пронајдете оние кои ви делуваат, па испијте ги.

4. Сон - потоа легнете во мир и тишина, проветрете (најдобро оставете го прозорецот отворен), а просторијата треба да биде темна и обидете се да отспиете еден час до два.

5. Туширање - потоа истуширајте се, најдобро со жешка и млака вода за да ја активирате циркулацијата.

6. Прошетајте на свеж воздух - но, немојте интензивно да вежбате поради тоа што вежбањето знае да ја зголеми мигрената.

7. Вода - пијте си вода и прочистете го вашиот организам.


8. Стоплете се - не дозволувајте да ви биде ладно за телото да не ви е во грчеви.

9. Бидете опуштени - немојте да брзате и да бидете под притисок, бидете опуштени и полека извршувајте ги вашите обврски во текот на денот.

10. Мислете на убави работи - не потценувајте ја моќта на позитивното мислење и влијанието на физичката состојба. 

Фото: „Freepik“