Чурлинов една сезона во редовите на Шалке 04

Дерби

18/08/2021

11:14

1.289

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе го носи дресот на Шалке 04 во новата сезона.

Членот на Штутгарт прифатил да настапува како позајмен играч во Гелзенкирхен и веќе ги минал медицинските прегледи.

Германските медиуми го потврдија договорот меѓу двата клуба, при што е потенцирано дека Шалке 04 нема опција да го откупи договорот на Чурлинов по крајот на сезоната.

Македонецот очигледно реши да се пресели во втората Бундеслига за да добие поголема минутажа од таа во редовите на Штутгарт, додека Шалке посакува експресно враќање во елитата.