Груби: Јас не сум редар да барам сертификати

Точка

12/08/2021

16:15

1.681

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека "не е редар да бара сертификати" пред утрешното одбележување на 20-годишнината од Рамковниот договор.

Запрашан дали на утрешниот настан ќе биде дозволено присуство само на вакцинирани гости, тој кажа дека "не е редар за да бара сертификати".

"Не сум редар за да барам сертификати, прашајте ги службите. Не знам јас за тоа", кажа Груби и додаде дека за почитувањето на протоколите ќе биде задолжен организаторот, а не тој.

Оваа прослава ќе се одржи пред официјалниот почеток на новите мерки од Владата, според кои ќе биде забрането присуство на невакцинирани луѓе на настани во објекти со повеќе од 30 присутни.

По големиот притисок од јавноста вчера беше одлучено да се откаже концертот по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор. Сепак, ќе се одржи прослава во хотел, на која ќе има околу 200 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг