Откриена причината за смртта на 4-годишната ќерка на раперот: Фети Вап ја потврди веста, еве што се случило

Точка

07/08/2021

21:26

8.578

Големина на фонт

а а а

Веста дека починала ќерката на раперот Фети Вап го растажи светот, а сега е позната причината за смртта на 4-годишната Лорен Максвел.

Имено, девојчето починало од 'фатална срцева аритмија поради компликации на вродени срцеви аномалии'.

Според изводот од книгата на умрени, Лорен починала на 24-ти јули во домот во Ривердејл, Џорџија, а веста за нејзината смрт ја потврдила нејзината мајка на Инстаграм.

„Ова е мојата неверојатна, убава, смешна, благодарна, талентирана, паметна и тврдоглава принцеза, сирена“, го започнала своето обраќање мајката на починатото девојче.


„Ако ја видите оваа објава, коментирајте или само кажете: 'Те сакам Лорен', бидејќи велат дека душите можат да ја почувствуваат љубовта“, напишала скршената мајка.

Раперот не се огласувал по овој повод, но тажните вести ги потврдил во неделата после настапот на фестивалот во Мајами.

„Лоло, тато синоќа настапуваше за тебе, девојче“, напишал раперот на Инстаграм-стори, а објавил и фотографија од неговата покојна ќерка.