Брнз изрази благодарност до сите кои се вклучени во гасењето на пожарите: „Тие се вистински херои“

Точка

06/08/2021

20:44

1.885

Големина на фонт

а а а

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз се огласи на нејзиниот официјален Твитер профил и изрази благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалното население кои се вклучени во гасењето на пожарите.

Таа испрати порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од страна на власта.

„Тажни сме од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите“, напиша Брнз на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг