Видео: Нелсон од Португалија четири дена гасне пожари во делчевско како волонтер

Нетпрес

06/08/2021

13:08

3.976

Големина на фонт

а а а

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште.

На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна.

Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.

Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон селото.

Нелсон од Португалија и Борче од Стар Истевник веќе четврти ден на терен се борат со предизивиците од пожарот во неколку делчевски села

Posted by MИА.mk on Thursday, August 5, 2021

Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.

- Ништо не е смирено, неколкупати го потценивме овој оган и неколкупати се соочивме со многу поголеми штети од тоа што можевме или не знам дали можевме да спречиме. Сега ќе одиме пак мала екипа да се распоредиме затоа што огнот е веќе на премногу места и ќе се обидеме да го спречиме, рече Димитровски.

Присустни во селото се и мештани од Трботевиште за да помогнат во натамошно ширење на пожарот кај Свети води.



Спонзорирани линкови

Маркетинг