Ангелов: Во некои случаи пожари се предизвикани од искрење на жици на бандери, бараме ЕВН да ги провери нивните инсталации

Нетпрес

06/08/2021

12:13

2.024

Големина на фонт

а а а

Центарот за управување со кризи ќе достави барање до ЕВН за компанијата да ги провери нивните инсталации.

- Во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење на жици на бандери или далекуводи. Искрите паѓаат на земја и опожаруваат. Во кумановскиот регион имаме сведоци кои виделе дека искрење на жици. Пожарот во Богословец е запален по искрење на жици, имаме очевидец кој веднаш отишол на местото, но бил немоќен бидејќи пожарот се шири со многу голема брзина поради сувата вегетација и ветерот кој дува, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Посочува дека ќе побараат од ЕВН онаму каде ќе добијат ваква пријава да интервенираат.

Во однос на прашањето како се одвива евакуација на жителите, тој посочи дека евакуацијата е оставена последна, бидејќи во овој момент нема загрозени куќи.

– Во овој момент ние немаме загрозени куќи. Вчера јас бев сведок во селото Бугословец на изгорени куќи, но тоа се стари куќи, некои се целосно напуштени, а некои луѓето ги користат како викендици. Таму воопшто и нема нови куќи, рече Ангелов.