Сведоштво на помошник командирот Кметовски за „Слободен печат“: „Беше како сцена од страшен филм. Доживеавме огнена бура“

Точка

06/08/2021

12:13

1.497

Големина на фонт

а а а

Помошник командантот во Бригадата за противпожарна заштита, Трајче Кметовски кој цели 32 години се бори со огнените стихии, во изјава за „Слободен печат“ вели дека гасењето на пожарот во Пехчево е најстрашниот што го доживеал досега.

„Беше како сцена од страшен филм. Доживеавме огнена бура. Ветерот многу ни ја отежнуваше работата. Во животна опасност бевме сите екипи кои го гасевме пожарот, но го занемарувавме уморот, опасноста од огнената стихија. Главна цел ни беше да го спречиме пожарот да се префрли од десната страна кон Делчево. За жал не успеавме во тоа. Околу 14 часот во услови на силен ветер огнена бура се прошири, но спасивме куќи и трла. Го ограничивме пожарот. На 05-ти августот околу 15 часот, побаравме смена која е уште терен“, раскажува Кметовски, се уште под импресии од случувањата.

„Во Кочани имаше сериозна опасност пожарот да се спушти до селото Трокање. Таму ни помагаа екипи од Штип, Неготино, Виница, а и цивилно население, кое добиваше наши инструкции со цел да не биде ставен во опасност нивниот живот. Од Кочани, следуваше акција за гасење во Пехчево, јас и уште 8 пожарникари бевме распоредени во селата Умлена и Робово. Во 01:30 се качивме на врвот на планината каде имаше зафатено борова и дабова шума. Пробавме ноќта да исконтролираме извесен минимален дел по што се повлековме кај возилото. Ноќта ја поминавме на автопат со останатите екипи за да спречиме ширење на пожарот кон Делчево“, објаснува Кметовски за „Слободен печат“.

Целото сведоштво прочитајте го ТУКА.