Во Италија од денес задолжително е да се покаже така наречениот зелен пасош кога ќе влегувате во рестораните, кината, музеите и затворените спортски сали. Оваа одлука од наредниот месец ќе се однесува и на лицата кои работат во образовниот сектор.
Италијанските власти синоќа донеле одлука дека зелениот пасош исто така е задолжителен за наставниците и другите патници кои користат јавен превоз, што вклучува домашни летови и возење со траект и воз, а тоа ќе стапи на сила од 1 септември.
Здравствениот сертификат докажува дека лицето кое е вакцинирано барем со една доза, има прележано коронавирус во последните шест месеци или има негативен резултат на тест за Ковид-19.

Според овој нов закон, зелениот пасош ќе мора да имаа училишниот и универзитетскиот персонал, како и студентите. Оние кои нема да имаат зелен пасош ќе бидат суспендирани, а нивните плати стопирани.
Министерот за образование, Патрицио Бианки рекол дека повеќе од 86% од училишниот персонал мора да биде вакциниран за овој процент да се зголеми.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца ги повика родителите на вакцинација да ги однесат и децата помлади од 12 одини и дека тинејџерите имаат право на брзи тестови за откривање на коронавирус по намалени цени.
Сперанца истакнал дека зелениот пасош е клучен за сузбивање на заразата и ги повикал Италијаните да продолжат да се вакцинираат.
"Бројките се охрабрувачки, искористени се 70 милиони дози. Поради овој сертификат нема да има потреба од локдаун",рекол тој.







