Видео: Во знак на благодарност беровчани со ракоплескање ги дочекаа пожарникарите од Словенија

Точка

06/08/2021

10:16

8.641

Големина на фонт

а а а

Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите.

Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, 11 противпожарни возила и транспортни возила.

Во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) конвојот веднаш бил испратен во беровско каде истиот помагал во гаснењето на големите пожари.

При поминувањето низ Берово, жителите на градот ги поздравија пожарникарите со ракоплескање во знак на благодарност за помошта која ја даваат.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг