Д-р Даниловски за состојбата со Ковид-19 во земјава: Сега ќе „догорува“ тоа што не „изгоре“ во претходните бранови

Точка

06/08/2021

09:22

5.689

Големина на фонт

а а а

Д-р Драган Даниловски во изјава за „мкд.мк“ вели: „Ова беше за очекување и сега ќе „догорува“ тоа што не „изгоре“ во претходните бранови“, рекол тој по последните информации за зголемените бројки на новозаразени лица со Ковид-19 во земјава.

„Останаа младите и другите невакцинирани, како и вакцинираните лица со една доза. Вакцинираните претежно се меѓу повозрасните. Поради тоа вирусот си бара простор за непречено ширење меѓу младите. Тие по правило прележуваат полесно“, вели д-р Даниловски и додава дека иако бројот на новозаразени експоненцијално расте, важно е дека линиите на пораст на хоспитализирани и починати нема да ја следат таа динамика, пренесува „мкд.мк“.

„Сега би било препорачливо приоритетно да се довакцинираат возрасните над 50 години и најприоритетните оние со хронични болести. Така уште повеќе ќе се намали притисокот врз болниците. За да се намали смртноста, најприоритетно Лекарската комора мора да подготви протоколи за третман на болните од Ковид-19, на сите нивоа на здравствена заштита.

Министерството за здравство се погрижи тие протоколи да се применуваат од страна на сите здравствени установи и на сите нивоа. Секако, доколку почне да се заканува преполнувањето на болниците, ќе бидат потребни и одредени рестриктивни мерки“, изјавил д-р Даниловски.

Извор: „мкд.мк“