Словенскиот тим за заштита од пожари испратен во Берово

Нетпрес

05/08/2021

12:47

839

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Табановце пред некој час пристигна конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила.

Тимот од Словенија во координација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот.

– Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот – соопштија од ДЗС.

Во текот на вчерашниот ден Владата на Словенија информираше дека како помош за пожарите во Македонија ќе испрати 46 припадници на цивилната заштита специјализирани за гаснење пожари со 16 возила,.

Поддршката доаѓа во моменти кога неколку земји-членки на ЕУ обезбедуваат опрема и им помагаат на Италија, Грција, Албанија и Македонија да се борат со катастрофалните пожари, вклучително со противпожарни авиони и хеликоптери.

Денеска во граничниот премин Табановце директорот на ДЗС г-дин Bekim Maksuti го пречека конвојот на Тимот за заштита од...

Posted by Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim on Wednesday, August 4, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг