Скопските пожарникари се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите

Точка

04/08/2021

20:34

2.029

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов за Канал 5 изјави дека доколку има потреба ќе бидат испратени дополнителни пожарникари и опрема.

„Три екипи пожарникари со три возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со три цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите. Солидарноста на дело“, напиша Шилегов.

Тој се надева дека пожарот во пехчевско ќе биде наскор изгаснат, како што беше случајот со оној во близина на Кочани пред два дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг