Тажно фото на денот: Погледнете како изгледа Кочани ден после страшните пожари

Точка

03/08/2021

23:50

12.496

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија која кажува сè за вчерашниот пустош во Кочани.

Главната тема во текот на денешниот ден беа пожарите кои ја погодија Македонија, а особено Кочани, каде со часови не можеше да се запре огнената стихија.

На социјалните медиуми истовремено се испраќаа многу критики на сметка на надлежните кои не изреагираа во најкус можен рок, но, сепак, за среќа страшната вечер заврши без жртви.

Единствено што остана е пепел во огромен дел од градот.

„Вредеше ли да се штеди на сервисирање на авионите за гаснење пожари и набавка на противпожарни возила“, стои во описот на фотографијата која е преземена од дронска снимка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг