Шилегов: Пожарот во близина на „Димитар Влахов“ е под контрола

Точка

03/08/2021

23:11

2.175

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил се огласи по повод вечерашниот пожар затекнат во близина на средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје.

Како што известивме претходно, пожарот избувна вечерва кај пругата во близина на средното училиште, а станувало збор за горење на трева.

„Пожарот околу пругата (сува трева) е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

Пожарот околу пругата (сува трева) е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е...

Posted by Петре Шилегов on Вторник, 03 август 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг