Брејтвајт: Го видов Ериксен мртов, никогаш нема да го заборавам тој момент

Макфакс

01/08/2021

13:00

1.518

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Барселона и на данската репрезентација, Мартин Брејтвајт признава дека мислел дека неговиот соиграч Кристијан Ериксен е мртов при страшните сцени во Копенхаген во првиот меч на ЕУРО 2020 и признава дека тој момент ќе остане со него до крајот на животот.

Ериксен колабираше при финишот на првото полувреме од мечот со Финска (кој Данска потоа контроверзно го загуби со 0:1 откако мечот се доигра), по што 20-тина минути добиваше медицинска помош и практично беше вратен во живот со помош на дефибрилатор. Тој сега е излезен од болница, а нема најава дека ќе ја прекине фудбалската кариера.

Неговиот колега Брејтвајт вели дека тој момент ќе остане со него цел живот.

„Еден од најстрашните моменти во мојот живот. Тоа што требаше да биде најголемиот спортски настап во историјата на Данска се претвори во кошмар. Кога го погледнав, бев сигурен дека е мртов. Кога ќе видите тело на личност која веќе не е со вас веднаш ви е јасно. Почнав да се молам да биде во ред и да го оживеат. Единствено тоа можев да го правам. На крајот, најважно е што Кристијан сега е во ред“, вели Брејтвајт.

Данска, и покрај поразите во првите два меча, на крајот стигна до полуфиналето, каде што загуби од Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг